• Зоран Мишевски
Враќањето на Дани Олмо во матичниот клуб Барселона е многу блиску до реализација, уверуваат шпанските медиуми. Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, со асистенција на менаџерот Енди Бара и таткото на шпанскиот репрезентативец преговараше со Олмо и РБ Лајпциг утрово во Германија.
Медиумите ги открија деталите. Договор за Олмо до 2030 година и 55 милиони евра, плус седум милиони бонус за РБ Лајпциг. Новиот спортски директор на бундеслигашот, Марсел Шефер ја призна отвореноста за преговори со Барселона, но и предупреди дека клубот ќе ги брани сопствените интереси.
„Подготвени сме да зборуваме за Дани Олмо“, кратко рече Шефер.
РБ Лајпциг ја одби првата понуда од фиксни 47 милиони евра и три преку бонуси, плус десет милиони доколку Барселона ја освои Примера или Лигата на шампионите во следните шест години.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.