Постигна деби гол и доби нов договор: Талентираниот Англичанец останува во Дортмунд

Џејми Бијно-Гитенс, претходниот викенд го постигна својот деби гол во Бундеслигата, а во вторник пристигнува веста за продолжување на договорот со Борусија Дортмунд.

Дортмунд соопшти дека го продолжил договорот со 18-годишниот талентиран фудбалер до 2025 година. Младинскиот репрезентативец на Англија во Дортмунд пристигна во септември 2020 година од редовите на Манчестер Сити.

На дуелот со Фрајбург минатиот викенд го постигна својот прв бундеслигашки гол.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.