Постекоглу: Горд сум на полуфиналниот двомеч, сега целосен фокус на финалето

Фудбалерите на Тотенхем славеа на гостувањето кај Бодо Глимт со 0-2 и со вкупни 1-5 си чекираа место во финалето на Лигата на Европа. По триумфот во Норвешка, анализа на одиграното и најава на финалето изнесе тренерот Анге Постекоглу.

„Ова гостување беше тешко. Бодо Глимт има одлични резултати дома, а ние добро се снајдовме - дававме голови и победивме. Ги одржавме на минимум нивните занаки и работевме напорно да ги држиме далеку од голот. Горд сум на одиграното во овој двомеч. 

Можеме да почнеме да размислуваме на финалето. Не многу често можете да имате фокус на она што ви следува за десетина дена. Сега пред нас е период во кој треба да се подготвиме за европско финале против гигант. Ќе уживаме, тоа е најважно“, изјави Постекоглу.

Во финалето „петлите“ ги чека англиско дерби со Манчестер Јунајтед. Мечот се игра на 21 мај во Билбао.