• Иван Димовски
Тотенхем одигра катастрофална сезона во Премиер лигата и котира на 17. позиција, меѓутоа и натаму е во игра за место во Лигата на шампионите и европски трофеј. „Петлите“ во финалето на Лигата на Европа на 21 мај ќе се судрат со Манчестер Јунајтед и бараат прекин на 17-годишниот пост без трофеј.
За овој натпревар тренерот Анге Постекоглу смета дека може да биде пресвртница во историјата на клубот.
„Кога ќе го погледнеме блиското миното, ова финале може да биде пресвртница во начинот на кој останатите ќе го гледаат Тотенхем. Исто така може да го смени и начинот на кој во самиот клуб ќе се гледа на себе. Додека не направите подвиг, без разлика колку сте близу - луѓето ќе зборуваат. Таков е фудбалот, но и животот бргу доаѓа осуда“, изјави Постекоглу.
Пред 17 години Тотенхем го освои Лига купот, а последниот европски трофеј клубот од Лондон го освои во 1984 година и тоа токму во ова натпреварување кое тогаш се викаше УЕФА Куп.
ФОТО/PHOTO: UEFA