• Иван Димовски

Тотенхем го совлада Манчестер Јунајтед (1-0) во дербито на клубовите од долниот дел на табелата во Премиер лигата. На овој меч „црвените ѓаволи“ имаа 12 сениорски фудбалери поради бројните повреди.
По победата својот став го изнесе тренерот на „петлите“ Анге Постекоглу. Тој порача дека Тотенхем се мачи со тие проблеми веќе два месеци.
„Манчестер Јунајтед има проблеми со повредени играчи? Ако видите колку проблеми имав јас, ама за тоа немаше сочувство или жалење од колегите.
Гледав како Аморим се мачи со играчи на несоодветни позиции, со деца на клупата за резервни фудбалери. Само ќе кажам, добредојде во мојот свет, а се мачи само еден натпревар. Обиди се да издржиш два месеци со такво темпо“, изјави Австралиецот.
Тотенхем се наоѓа на 12 место со 30 бода, додека Манчестер Јунајтед со бод помалку е дури 15.