Последните тестирања донесоа два позитивни случаи меѓу фудбалерите во Премиер лигата

Премиер лига

Наскоро и Премиер лигата ќе се врати на терените, а тестирањата за коронавирусот на сите прволигаши донесоа лоши вести во последната фаза.

На 11 и 12 јуни беа извршени над 1.200 тестови, од кои беше потврдено дека има позитивни случаи на двајца фудбалери. Едниот за јавноста е непознат, а вториот е од Норвич Сити. Клубот соопшти дека нивниот член ќе помине седум дена во изолација, а потоа повторно ќе биде тестиран.

Нискиот број заразени фудбалери дава надеж дека англискиот шампионат ќе продолжи во нормален тек наредната недела. Остануваат уште девет кола во кои ќе има борба за места во Европа и опстанок, а не се очекува голема неизвесност околу шампионската титула, која ќе замине во рацете на фудбалерите на Ливерпул.

Астон Вила и Шефилд Јунајтед ќе ја отворат програмата в среда, а вечерта е закажано и дербито меѓу Манчестер Сити и Арсенал.