Последните два победници на германскиот Куп на мегдан уште во четвртфиналето

Бранителот на титулата во Купот на Германија, РБ Лајпциг ќе игра во четвртфиналето на ова натпреварување против Борусија Дортмунд. Во 2021 година во финалето играа овие две екипи, а Борусија победи со 4-1, со головите на Џејдон Санчо и Ерлинг Халанд.

Фудбалерите на Баерн Минхен во четвртфиналето ќе играат против минатогодишниот финалист Фрајбург, додека Ајнтрахт на свој терен во Франкфурт ќе го пречека Унион Берлин. Штутгарт ќе игра како гостин против второлигашот Нирнберг, единствениот тим што не е во Бундеслигата во ова натпреварување.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 4 и 5 април. Финалето е закажано за 3 јуни на „Олимпискиот стадион“ во Берлин.