ВИДЕО: Последниот пат кога Јувентус играше со Ајакс, Недвед ја изведе оваа мајсторија

Павел Недвед

Екипата на Ајакс го приреди најголемото изненадување во осминафиналето и го елиминира бранителот на титулата во Лигата на шампионите, Реал Мадрид.

Сега, пред фудбалерите на Ерик тен Хаг стои нов предизвик во тимот на Јувентус. Италијанскиот првак направи епски кам-бек во дуелот со Атлетико Мадрид и благодарение на хет-трикот на Кристијано Роналдо остана „жив“ во трката за толку посакуваниот трофеј во ова натпреварување.

Португалецот има седум погодоци во директните дуели со холандскиот гигант и сигурно ќе биде најголемата закана за неговата одбрана.

Последното соочување во елитното клупско натпреварување помеѓу овие две екипи се случи во сезоната 2004/05. На гостувањето во Амстердам се случи еден од најпрепознатливите моменти во поновата историја и тоа во реализација на легендарниот Павел Недвед.

Чешкиот интернационалец го постигна еден од најубавите погодоци во својата кариера кој беше потврда за неговата фантастична техника и креативност на фудбалскиот терен.

Погледнете го погодокот на Недвед од сезоната 2004/05:

Во претходната фаза, Роналдо ги израдува навивачите на Реал Мадрид и го елиминира нивниот градски ривал, а сега ќе му се одмаздува на Ајакс кој се погрижи Европа да добие нов европски шампион оваа година.