ВИДЕО: Денот кога легендата на „росонерите“ се прости од фудбалот

На денешен ден 2009 година најголемата легенда на Милан, Паоло Малдини го одигра последниот професионален натпревар во својата кариера. Човекот кој сите 25 фудбалски години ги мина во дресот на „росонерите“ своето име со златни букви го запиша во историјата како еден од најуспешните во Милан, но и Италија.

Откако седмица претходно се прости од публиката на Сан Сиро, тој беше дел од тимот на Милан кој славеше на гостувањето кај Фиорентина со 0-2. Збогувањето на легендата на „Артемио Франки“ ја „зачинија“ бразилските асови Кака и Пато кои ја донесоа победата. 

  • Последниот натпревар на Малдини во Милан: 

Наследувајќи го својот татко Чезаре, младиот Паоло беше дел и од ѕвездената генерација која пред почетокот на овој милениум беше страв и трепет за противниците. Малдини во својата богата кариера освои многу трофеи, меѓу кои и петте во Лигата на шампионите, седумте во Серија А, една во Копа Италија, а беше и светски првак со Италија во 2006 година. 

Сега, Италијанецот е дел од управата на клубот која ја доби непосредно по преземањето на Милан од страна на фондацијата Елиот. Тој работеше со поранешниот тренер Леонардо и Звонимир Бобан кои веќе заминаа од клубот.