Последна шанса за Челзи, прва „меч-топка“ за Сити во Премиер лигата

Само победа би ги вратила „сините“ во шампионската трка, но формата на бранителот на титулата сугерира дека можеби клучните бодови ќе останат на „Етихад“. Во сабота од 13:30 часот на „Етихад“ во рамките на 22. коло од Премиер лигата ќе се одигра големото дерби на Премиер лигата меѓу актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити и европскиот шампион, Челзи.

„Граѓаните“ се во многу подобра позиција бидејќи имаат десет бода повеќе од второпласираните „сини“ од Лондон, кои сезонава веќе ги совладаа со 1-0 на својот „Стемфорд Бриџ“. Тоа беше во септември, а единствениот гол го постигна Габриел Жесус во 53. минута. Бразилецот игра редовно, но од тој натпревар нема постигнато гол во првенството, па сè уште е на само два гола. Голгетерскиот пост на Хесус, сепак, не влијае на тимот. „Граѓаните“ сезонава пукаат со повеќе оружја и се најефикасната екипа во лигата со 53 гола. Ја имаат и најдобрата одбрана, која е матирана само 13 пати. И Челзи е одличен дефанзивно со 16 примени гола, но офанзивно е осум гола послаб од Сити (45).

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Манчестер Сити и Челзи

Пеп Гвардиола и Томас Тухел, за разлика од некои колеги - пред сите Микел Артета од Арсенал - немаат кадровски проблеми поради актуелниот Африкански куп на нации и им недостига по само еден играч. Од друга страна, се работи за исклучително важни фудбалери. Гвардиола ќе мора одредено време да состави тим без еден од најефикасните играчи, Алжирецот Ријад Марез, додека проблемот на Тухел е многу поголем бидејќи на располагање го нема првиот голман, Сенегалецот Едуард Менди. Во исто време, најдобриот напаѓач Ромелу Лукаку му зададе главоболка со неговото ненадејно појавување во јавноста и многу чудно додворување кон поранешниот клуб Интер (во меѓувреме наводно ги поправија односите).

Гледајќи ја табелата, јасно е дека само победа го остава Челзи да се надева дека ќе може да ја освои титулата, но дури и да ја намали разликата на седум бода, прашање е колку во Лондон навистина ќе веруваат во пресврт. Наместо тоа, се чини дека е прашање на денови кога Сити дефинитивно ќе го одбрани трофејот освоен минатата сезона. Интересно е што дуелите на овие екипи во последните години редовно завршуваат со славење на едната и тагување на другата страна. Последното реми беше во февруари 2019 година, во финалето на Лига Купот, кога Манчестер Сити славеше по пеналите 0-0. Кога станува збор за првенствените дуели, нема реми од сезоната 2014/2015, а двата натпревари во таа натпреварувачка година завршија со резултат 1-1. Претходниот дуел на „Етихад“, во мај 2021 година, заврши со победа на Челзи од 2-1, со голот на Маркос Алонсо во 90. минута.

Квоти за останатите натпревари во Премиер лигата

Границата од три гола тешко се пробива во пресметките на овие екипи, иако навивачите на лондонскиот клуб сигурно сè уште го трпат поразот од Манчестер од 6-0 пред три години. Сити долго време не им дозволуваше на „сините“ да победат поубедливо од два гола разлика, но минимални 0-1 во ланското финале во Лигата на шампионите се доволни за лузна која вечно ќе стои. Затоа титулата е вистинскиот одговор, особено ако би станала видлива со победа во директен дуел со голем должник. И едните и другите беа на „јажињата“ во последната рунда, но избегнаа нокаут. „Граѓаните“ губеа од Арсенал и речиси еден час беа во подредена позиција на теренот, но „топџиите“ двапати си „пукаа“ во нога и останаа без ниту еден бод. Челзи пак, за помалку од половина час на својот стадион прими два гола од Ливерпул, но до полувремето успеа да израмни, а резултатот 2-2 остана на семафорот до крајот.

Нема сомнеж дека нè очекува квалитетен натпревар. Победа на Челзи, кој е полн со самодоверба поради пласманот во финалето на Лига Купот со победата над Тотенхем, би ја продолжила неизвесноста во шампионската трка, додека три бода за Сити секој нареден натпревар на тимот на Гвардиола би го претвориле во рутински. Со оглед на формата и бодовната разлика, ни се чини дека кецот е поизвесен.