• Зоран Мишевски
Во финалето на Африканскиот Куп на нации ќе играат Алжир и Сенегал, а континентот ќе добие нов владетел. Во битката помеѓу црна и арапска Африка, по еден финалист од двата дела на континентот донесоа драматичните полуфинални дуели.
Откако на Сенегал му требаа продолженија да ја елиминира селекцијата на Тунис, Алжир со голот на Ријад Марез од слободен удар во петтата минута од судиското надополнување донесе голема победа на Алжирците над Нигерија со 2-1.
Претходно „бело-зелените“ поведоа со автоголот на Еконг, а најдобриот нигерскиот стрелец на Купот на Африка, Одион Игало израмни од пенал во 72. минута.
- Извештај од натпреварот:
Финалниот натпревар се игра в петок во 19:00 часот во Каиро.