• Саше Љолес
Легендарниот хрватски фудбалер, Иван Ракитиќ, официјално ја заврши својата богата кариера и наскоро ќе добие нова улога во редовите на сплитски Хајдук.
Информацијата за пензионирањето ја потврди и новиот тренер, Гонзало Гарсија, кој рече дека Ракитиќ ќе биде дел од тимот на спортскиот директор, Горан Вучевиќ.
Минатата сезона Ракитиќ одигра 39 натпревари за Хајдук, а претходно во кариерата беше дел од Базел, Шалке 04, Севиља, Барселона и Ал-Шабаб.
За хрватската репрезентација одигра 106 натпревари и постигна вкупно петнаесет голови.
ФОТО/PHOTO: Hajduk.hr






