Португалско дерби: „Лавот“ е повеќе ранет од „змејот“

Првенствената пауза добро им дојде на фудбалерите на Порто кои во претходното коло непријатно ги изненадија своите навивачи, но и љубителите на обложувањето со поразот од Маритимо на свој терен (3-2). Спортинг има ист број на бодови (шест), меѓутоа одигра натпревар помалку затоа што неговиот меч од првото коло против Жил Висенте на стадионот „Жозе Алвалде“ беше одложен поради масовна појава на заразени со вирусот ковид-19 во двата тима.

Змејовите ја бранат шампионската титула и до споменатиот кикс делуваа доста убедливо. Спортинг претходното првенство го заврши на четвртата позиција, па мораше да игра квалификации за Лига Европа и испадна, иако и на двата меча беше домаќин.

Сите квоти од натпреварот Спортинг - Порто

Против Абердин се намачи (1-0), а потоа од ЛАСК прими дури четири „парчиња“, а постигна еден, што најавува уште една стресна сезона за неговите приврзаници. Ама, ако смееме да бидеме саркастични, барем се решија од „европските маки“ на време, за разлика од Порто кој во среда гостува кај Манчестер Сити на стартот на Лигата на шампионите.

Квотите од останатите натпревевари во Примеира

Ривалите беа прилично активни во финишот на неодамна завршениот преоден рок, а едно од поголемите засилувања на „змејовите“ пред крајот беше Марко Грујиќ, кој од Ливерпул пристигна на едногодишна позајмица. Гостите славеа на последните два меѓусебни дуели (оној вториот е одигран во средината на јули), а „лавовите“ ги немаат совладано во првенството веќе четири години, иако имаа повремени успеси во Куповите.

MOZZART ви препорачува да одиграте двојка, меѓутоа, ако тоа ви делува премногу ризично, тогаш определете се за ГГ..