Португалските гиганти во борба за титула во Суперкупот

Португалското Класико за титулата во Суперкупот, Порто и Бенфика ќе го одиграат во среда (21:45), на стадионот во Авеиро, а тоа ќе биде 245. средба на големите ривали. Двата тима одеа на мегдан во Суперкупот 25 пати – „змејовите“ славеа 13 пати, „орлите“ беа подобри пет пати, додека седум натпревари завршија нерешено (порано во Суперкупот се играа по два натпревари).

Двете екипи се наоѓаат во одлична форма, Порто е во страшна низа од 11 натпревари без пораз, само еднаш ремизира, врза пет победи во сите натпреварувања. Ударната игла на „змејовите“ и оваа сезона е силниот Муса Марега (седум голови), но интересно, најдобар стрелец на екипата е играчот за врска Сержо Оливеира со осум погодоци. Од друга страна, Бенфика е во серија од девет меча без пораз, пулените на Жорге Жезус можеби имаа слаб почеток на сезоната, но во последно време играат доста добро и водени од одличниот играч за врска, Пици (10 гола), го чекаат големото дерби во добро расположение.

Сите квоти за натпреварот од Суперкупот на Португалија

Порто ги доби последните три Класика, во август „змејовите“ славеа во финалето од Купот (2-1), меч во кој имаше многу нервоза, постоеја искри и на теренот и надвор од него, па црвени картони уште во првото полувреме заработија Колумбиецот Луис Дијаз и тренерот на Порто, Сержо Консеисао, но тоа не го спречи тимот од „Драгао“ да слави со головите на Шансела Мбемба. Бенфика е благ  фаворит, поради амбициите со кои влезе во сезоната и со екипата која успеа да ја оформи, се чини дека квалитетот е на страната на составот од престолнината, но „змејовите“ никако нема да се предадат и се чини дека би можеле да направат и благо изненадување. Головите се загарантирани.