• Иван Димовски
Судот во Португалија отвори постапка против фудбалскиот гигант Бенфика поради наводно затајување на данок.
Во обвинението стои дека клубот од Лисабон и неколку функционери отвориле фонд за издавање на лажни фактури и документи. Се работи за „Бенфика САД“, која е одговорна за управувањето со клупските финансии.
Според наводите, тие правеле лажни трансакции за да се затаи данок кој клубот би требало да го плати. Главен осомничен за тоа е поранешниот претседател на клубот Луис Филипе Виеира, кој беше на челното место од 2003 до 2021 година, како и сегашниот прв човек на „Бенфика САД“, Домингос Соареш Де Оливеира.