• Саше Љолес
Португалскиот арбитар Жоао Пинеиро е назначен за главен судија на натпреварот меѓу Швајцарија и Босна и Херцеговина во рамките на второто коло од групата Б на Светското првенство, соопшти ФИФА. Дуелот меѓу Швајцарците и Босанците ќе се одигра во четврток од 21:00 часот во Лос Анџелес.
На вториот натпревар од групата Б, меѓу Канада и Катар, правдата ќе ја дели Чилеанецот Кристијан Гарај. Средбата е закажана за полноќ меѓу четврток и петок во Ванкувер. По првото коло ситуацијата во групата е целосно израмнета, бидејќи сите четири репрезентации имаат по еден освоен бод.
Во групата А, Американката Тори Пенсо е одредена за главен судија на натпреварот меѓу Чешка и Јужна Африка, кој ќе се игра во четврток од 18:00 часот во Атланта.
Уругваецот Густаво Техера ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Мексико и Јужна Кореја, исто така во рамките на второто коло од групата А.





