• Саше Љолес

Кристијано Роналдо е пред крајот на соработката со саудискиот Ал-Наср, па иако деновиве се пишува дека ќе го продолжи договорот, сепак, португалските медиуми изнесоа сензационална информација дека тој би можел да се врати во Спортинг, клубот каде ја започна својата блескава кариера.
За Роналдо има интерес од неколку клубови, но според пишувањата на „Athletic goals", тој изразил желба да одигра уште барем две сезони во Спортинг и потоа да замине во пензија, а навивачите на португалскиот гигант веќе пишуваат дека се одушевени од оваа идеја.
Сигурно е дека Спортинг нема да може да му плаќа огромни средства на Роналдо, но се претпоставува дека тој би играл за симболична плата, а главната цел би била да ја заврши кариерата во зелено-белиот дрес.
Португалската ѕвезда како 18-годишно момче замина од Спортинг во Манчестер Јунајтед, а потоа следуваше и трансферот во Реал Мадрид, каде четири пати ја освои Лигата на шампионите. Во Ал-Наср пристигна пред две години и постигна 75 голови во сите конкуренции.