Португалска четворка ќе им суди на Ренова и Хајдук

Piweiro

Жоао Пињериа од Португалија ќе ја предводи судиската четворка која ќе биде задолжена за арбитража на мечот меѓу Ренова и Хајдук Сплит во рамки од второто квалификациско коло за Лига Европа.

Помошници ќе му бидат Педро Рибеиро и Бруно Родригез, а улогата четврти судија ќе му припадне на Витор Фернандес Фереира.

Еден од македонските претставници во овој квалификациски циклус ќе биде домаќин на хрватскиот гигант. Мечот ќе се одигра в четврток со почеток од 15:30 часот на стадионот „Петар Милошевски“.

Гостите од Сплит се изразити фаворити на овој натпревар во очите на обложувалниците. „Гипсарите“ според нив имаат минимални шанси да се најдат во следната фаза.