Фудбалската сезона тргна со стил, затоа што екипата на Порто дојде до титула во Суперкупот совладувајќи го актуелниот првак Спортинг, кого го доби со 4-3 по продолжение и тоа откако во регуларниот дел губеше со три гола.
Новата сезона во португалскиот фудбал започна со Суперкупот и дуелот на големите ривали Бенфика и Порто. Првото овосезонско „О Класико“ и припадна на шампионите од Лисабон и Бенфика го освои Суперкупот на Португалија со 2-0 (0-0).
Спортинг и Брага во Суперкупот ја отвораат сезоната. Тргнуваат и Португалците. Мечот меѓу шампионот Спортинг од Лисабон и освојувачот на националниот Куп, екипата на Брага, ќе биде увертира за првенството кое стартува следната седмица.
Португалското Класико за титулата во Суперкупот, Порто и Бенфика ќе го одиграат во среда (21:45), на стадионот во Авеиро, а тоа ќе биде 245. средба на големите ривали. Двата тима одеа на мегдан во Суперкупот 25 пати – „змејовите“ славеа 13 пати, „орлите“ беа подобри пет пати, додека седум натпревари завршија нерешено (порано во Суперкупот се играа по два натпревари).
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски не настапи во натпреварот од Суперкупот на Португалија, дуел со кој се отвори новата сезона во земјата на европскиот првак. Шампионот на Португалија, Бенфика го декласира победникот на Купот, Спортинг со 5-0 (1-0) нанесувајќи му еден од најтешките победи во градските дерби натпревари.
Португалскиот шампион Порто новтат сезона ја започна со трофеј. Избраниците на Серџо Консеисао ја оправдаа улогата на фаворит и лесно го совладаа тимот на Авеш со 3-1, во дуел кој се играше во Авеиро.
По лошите резултати на пријателските натпревари, Бенфика го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во Авеиро триумфираше во Суперкупот на Португалија со 3-1 (2-1) против Виторија Гимареш.