Спортинг се врати на врвот со триумф над Бенфика во градското дерби
Екипата на Спортинг славеше над Бенфика во големото португалско дерби со 1-0 (1-0) и го надигра градскиот ривал, носејќи огромна радост за своите навивачи. Натпреварот од 16. коло понуди голема возбуда за гледачите, па иако Бенфика имаше поголема иницијатива во второто полувреме, сепак домаќините успеаја да ја задржат минималната предност.