Португалија мора да победи против Ирска за мирна есен

Да не беше неверојатната грешка на холандскиот линиски судија Мари Дикс, Португалија во оваа средба ќе влезеше со максимални девет бода. Сепак, превидот кој на репрезентацијата на Србија и поклони бод доведе до тоа „селесао“ и „орлите“ да се израмнети на врвот на табелата во групата А и есенскиот круг во квалификациите за СП во Катар да го дочекаат со слични шанси директно да се пласираат на Мундијалот. Во последното коло, избраниците на Драган Стојковиќ ќе гостуваат кај Кристијано Роналдо и соиграчите, кои ќе бидат желни за одмазда по нанесената неправда.

Сите квоти во МОZZART од натпреварот Португалија - Ирска

Сепак, пред тоа ги очекуваат бројни битки, а ова е една од поважните, за што зборуваше и селекторот на домашните, Фернандо Сантос. Искусниот тренер ги предупреди своите избраници дека Република Ирска одлично одигра во Белград и беше близу до реми, па КР7 и останатите, ако не бидат на своето вообичаено ниво, би можеле да имаат доста проблеми со борбените, неуморни и фанатично упорни Ирци.

Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари од квалификациите за СП

Неговите зборови се на место, но факт е дека „зелено-белите“ веќе неколку години немаат фудбалери од светска каса и тоа дека во костурот на тимот главно се играчи во четвртата деценија како Шејн Лонг, Џејмс Меклејн или капитенот Шејмус Колман, а тројцата голмани кои конкурираат за „единицата“ заедно имаат осум настапи во националниот тим. На спротивната страна ќе играат единаесет мајстори, дополнително мотивирани да се покажат по прилично разочарувачкиот настап на Европското првенство, на кој останаа без круната. Кецот е единствен исход кој доаѓа в предвид, а спарете го со 2-4 гола.