Португалецот Рикардо Са Пинто поставен за нов тренер на Легија

Португалецот Рикардо Са Пинто поставен е за нов тренер на Легија Варшава, клуб со кој потпиша договор до 2021 година.

Португалецот, кој во минатото беше тренер и на Црвена Звезда, на клупата на Легија ќе го наследи Александар Вуковиќ, кој беше привремен тренер по смената на Хрватот Деан Клафуриќ. Са Пинто своето деби во полскиот тим се очекува да го има на реванш мечот од Лига Европа против Дуделанж, откако полскиот тим во првиот дуел загуби со 2-1.

45-годишниот Са Пинто во минатата сезона беше тренер на Стандард Лиеж, каде и покрај освоениот Куп, поради лошите резултати во шампионатот беше отпуштен. Во својата тренерска кариера ги предводеше и тимовите на Атромитос, ОФИ, Белененсес и Спортинг Лисабон.