ВИДЕО: Португалците заплакаа за време на едноминутниот молк во чест на Жота и Андре Силва

Првиот натпревар од четвртфиналето на Светското клупско првенство помеѓу Ал-Хилал и Флуминензе започна со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на Диого Жота и Андре Силва, кои трагично загинаа во сообраќајна несреќа.

Двајцата португалски играчи беа во автомобилот Ламборгини, кога им пукна гумата додека претекнуваа во регионот Замора во Шпанија. Ова доведе до несреќа во која двајца играчи трагично загинаа на самото место. Минутниот молк најмногу ги погоди поранешните соиграчи на Жота во репрезентацијата на Португалија, Жоао Кансело и Рубен Невеш, кои од тага не можеа да ги задржат солзите. 

Жота во својата кариера играше за Атлетико Мадрид, Порто, Вулверхемптон и Ливерпул - каде што созреа во брилијантен крилен напаѓач и клучен запчаник во машинеријата што ја освои дваесетттата титула во Премиер лигата. „Црвените“ го повлекоа од употреба дресот со број 20, а Жота ќе остане негов сопственик засекогаш.

Состави

Renato Gaucho

3-4-1-2

    Симоне Инзаги

    5-4-1