Португалците отидоа чекор понатаму, испратија две жалби до УЕФА

Фудбалската федерација на Португалија одбива да се помири со фактот дека не победи во Белград и одигра реми од 2-2 со Србија. Кристијано Роналдо во финишот постигна чист гол, топката ја мина линијата, ама арбитрите не го признаа истиот и разбудија жестоки реакции. 

Португалците отидоа и чекор понатаму, испратија официјална жалба до седиштето на УЕФА во Нион за две основи. Првата секако беше судијата Дани Макели и неговите асистенти кои не видоа дека линијата ја мина гол-линијата, а потоа и жалба за воведување на ВАР технологија и во квалификациите. 

Иако тоа не може да влијае на исходот од вчерашниот натпревар, УЕФА можеби ќе размисли за воведување на видео-технологија во квалификациските натпревари.