Порто во Мексико го пронајде наследникот на Икер Касиљас

Вицешампионот на Португалија, Порто на тренерот Серџо Консеисао денес го претстави новиот чувар на мрежата, наследник на Икер Касиљас. Аргентинскиот голман Аугустин Марчесин позираше во дресот на Порто, откако заедно со претседателот Пинто Да Кошта го потпиша четиригодишниот договор со „змејовите“.

Порто плати седум и пол милиони евра за да го доведе Марчесин од мексиканскиот Клуб Америка. Марчесин е дета на Ланус, а во 2014 година премина во шампионатот на Мексико, облекувајќи го дресот на Сантос Лагуна.

По 72 натпревари за овој клуб, премина во Клуб Америка во 2017 година и одигра 105 натпревари за шампионот на Мексико. Договорот со Порто го врзува до јуни 2023 година.

Аугустин Марчесин четири пати го облече дресот и на најдобрата аргентинска репрезентација.