Порто во дербито со Бенфика има прва шанса за крунисување

Фудбалерите на Порто само теорија ги дели од официјално крунисување затоа што во последните две кола им е потребен само еден бод за да ја заверат 30-тата државна круна, а првата шанса за тоа ќе го имаат против Бенфика.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Бенфика и Порто

Шест бода предност во однос на Спортинг остава комфор за гостите да можат да си направат шампионско славје во последната рунда против Есторил на свој терен, или во случај на два порази да се надеваат дека „лавовите“ ќе испуштат бодови во последните два дуела. Сепак, извесно е дека лидерот уште во Лисабон ќе даде се од себе да ги реши сите дилеми. На спротивната страна Бенфика игра без резултатско значење и влегува во овој дуел, но евентуална победа над големиот ривал ќе значи неизвесност до последната рунда, додека реми или пораз ќе донесат нов шампион во Португалија.

Поразот на Порто од Брага (0-1) пред две кола го пролонгира крунисувањето, меѓутоа дека се работеше само за лош ден лидерот потврди против Визела (4-2) и се врати во победнички колосек. Кога говориме за Бенфика, евидентно е дека дуелите во Лигата на шампионите оставија трага кај лисабонскиот тим кој пропушти неколку бода и така го загуби чекорот со водечката двојка, меѓутоа, формата е релативна работа пред дуелите на овие ривали.

Квоти за останатите натпревари во Примиера лигата

Поголема причина за грижа на домаќините може да биде фактот дека паднаа лесно во последните две меѓусебни пресметки и добија по три топки во мрежата (3-0 и 3-1).