• Иван Димовски
Фудбалерите на Порто во голем стил се вратија во трката за титулата во португалската лига, откако во дербито со Бенфика слави со убедливи 5-0 (2-0). Навивачите на „Драгао“ уживаа во моќна фудбалска претстава на своите миленици кои го декласираа големиот ривал во таканареченото „О Класико“.
- Извештај од натпреварот:
„Змејовите“ во првото полувреме успеаја да дојдат до убедлива предност од 2-0, а двоен стрелец беше Галено кој неодамна беше херој во осминафиналниот меч од Лигата на шампионите со Арсенал. Во продолжението предноста ја зголеми Вендел, па следеше црвен картон за Отаменди. Бенфика беше во нокдаун, а Порто максимално го искористи и казни тоа па преку Пепе и Дани Намасо дојде до победа која може да биде пресвртница во сезоната.
Во португалските дерби пресметки не се случува често победите да се убедливи, па ваков резултат не е виден од сезоната 2010/11. Порто ја преслика победата и 13 години подоцна (5-0).
На табелата Спортинг е лидер со 59 бода и меч помалку, Бенфика има 58, а Порто има 52 и нема лесно да се откаже од шампионската трка.