• Мартин Танасковски
Фудбалерите на Динамо Загреб продолжуваат со одличниот старт во новата сезона од Лигата на Европа. Во второто коло од групната фаза, избраниците на стратегот Марио Ковачевиќ стигнаа до втората победа во исто толку натпревари, совладувајќи го Макаби Тел Авив со 3-1. Поради безбедносните причини и актуелната состојба во регионот, израелските клубови своите натпревари како домаќини ги играат надвор од државата. Така, Макаби го пречека Динамо во Србија, на стадионот на ТСЦ во Бачка Топола.
- Макаби Тел-Авив - Динамо Загреб 1-3:
Средбата започна подобро за израелскиот претставник. Веќе во 14. минута, преку Абду Фархи, Макаби стигна до водство од 1-0. Тој погодок накратко им ја донесе иницијативата на „жолто-сините“, но наместо продолжение на добрата игра, следeше реакција на „модрите“ каква што ретко се гледа на европската сцена. Само две минути подоцна, во 16. минута, младиот Лисица со прецизен удар израмни на 1-1. Трите минути подоцна, Динамо направи целосен пресврт. Љубичиќ ја искористи асистенцијата на Морис Валинчиќ и стрелаше за 2-1. Израелците беа во целосен шок, а хрватскиот тим со полна самодоверба ја презеде контролата врз играта.
Со тој резултат се замина на одмор, а вториот дел продолжи во исто темпо, со доминација на Динамо. Загрепчани имаа неколку зрели шанси за зголемување на предноста, но нивната ефикасност недостасуваше сè до 72. минута. Тогаш Љубичиќ уште еднаш ја покажа својата смиреност и голгетерска инстинктивност, со гол за 3-1 по додавање од Белјо. По третиот гол, „модрите“ ја смирија играта, тактички зрело го привршија натпреварот и без поголеми проблеми ја осигураа победата.
- Порто - Црвена Звезда 2-1:
Фудбалерите на Порто успеаја да дојдат до нов триумф во групната фаза од Лига Европа, совладувајќи ја белградска Црвена Звезда со 2-1 на стадионот „Драгао“. Херој на домашниот тим беше Родриго Моро, кој во 89. минута го постигна победничкиот гол. Португалскиот гигант уште во самиот вовед дојде до предност. Во осмата минута, Вилијам Гомеш беше прецизен од белата точка, откако дефанзивецот на гостите, Френклин Тебо Учена, направи прекршок врз Дениз Гул. Звезда влезе несигурно во натпреварот и неколкуте грешки во одбраната можеа скапо да ја чинат уште во првите дваесет минути.
Сепак, тимот на Владaн Милојевиќ успеа да се консолидира и да ја преземе иницијативата. Наградата стигна во 33. минута кога 17-годишниот Василије Костов постигна прекрасен погодок. По центаршут на Тими Макс Елшник и скок на Милош Вељковиќ, токму Костов со прецизен волеј го совлада Диого Кошта, донесувајќи му радост на гостинскиот состав и свој прв гол во европските натпреварувања. До крајот на првото полувреме Црвена Звезда беше поактивна, а најблиску до гол беше Марко Арнаутовиќ, кој од контранапад се најде во добра позиција, но не успеа да ја реализира шансата.
Вториот дел понуди многу поотворена игра од двете страни. Белградскиот клуб се ослободи од притисокот и не се двоумеше да атакува кон голот на Порто. Во 57. минута Арнаутовиќ имаше одлична можност, но неговиот удар со глава за малку заврши покрај стативата. Домаќините, пак, најмногу се потпираа на енергичниот Родриго Моро и на искусниот Вилијам Гомеш. Неколкупати сериозно го загрозија голот на бразилскиот чувар на мрежата, Матеус, кој со сигурни интервенции ја одржуваше рамнотежата. Сепак, во самиот финиш, откако Звезда пропушти златна прилика преку Бруно Дуарте, следеше казна. Во 89. минута Моро се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата за конечни 2-1.
- Нотингем Форест - Мидтјиланд 2-3:
На останатите мечеви, Ренџерс и Бојан Миовски загубија од Штурм во Австрија (1-2), Базел го доби Штутгарт (2-0), Селта Виго беше подобра од ПАОК (3-1), Астон Вила славеше во дербито со Феенорд (2-0), Ференцварош забележа минималец со Генк (1-0), Лион го надигра Салцбург (2-0), а Митјиланд го изненади Нотингем Форест (3-2).
- Феенорд - Астон Вила 0-2:
Следното трето коло од Лига Европа се игра за три недели.









