ВИДЕО: Порто шокиран од Жил Висенте на почетокот на новата Примеира

Новата сезона во Португалија започна со прворазредна сензација. Гигантот Порто на Серџо Консеисао неочекувано загуби на гостувањето кај Жил Висенте со 2-1 и за првпат по децении успеси во Примеира тргна со пораз.

Со голот на Божидар Краев во 77. минута „црвените“ славепа против „змејовите“ и му зададоа тежок удар на фаворитот.

  • Извештај од натпреварот: 

Шампионот Бенфика започна сосема спротивно и го декласира тимот на Пасош Фереира со 5-0. Пици постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Нуно Тавареш, Сеферовиќ и Винициус. 

  • Извештај од натпреварот:

Спортинг на Стефан Ристовски в недела му гостува на Маритимо.