Порто се распрашува за Хамбарџумјан од Вардар

Португалскиот весник „O Jogo“ пишува дека португалскиот гигант и двократен европски првак Порто е заинтересиран за фудбалерот на Вардар, Ховханес Хамбарџумјан.

Дефанзивецот на ерменската репрезентација минатата сезона постигна 7 гола на 26 натпревари и е на радарот на една од најдобрите скаутинг екипи во Европа, таа на Порто. Медиумите претходни пишуваа за интересот на Лестер, Евертон, ВБА, Андерлехт и Бриж, но ништо поконкретно од обичен интерес.

Вардар има договор со Ерменецот и не сака по секоја цена да се ослободи од него.