Порто по „двојна круна“, Бенфика по титула за спас на сезоната

Врвот на клупскиот фудбал во Португалија се достигна во моментот кога Порто ја обезбеди 29-тата шампионска круна, но финалето на националниот Куп ќе стави крај на бурната сезона 2019/20.

„Змејовите“ по сигурната победа над Спортинг кога Португалија го доби новиот шампион, против другиот лисабонски гигант се подготвени да направат нешто што на „Драгао“ не е видено во последните девет години. Толкав период има поминато откако Порто последен пат ја има освоено двојната круна. За Бенфика пак, по загубената трка за шампионската титула во првенството, трофејот од Купот е последна шанса да добие некаква утешна награда.

>>> Сите квоти за натпреварот Порто - Бенфика

Заради тоа судирот на титаните на стадионот во Коимбра ќе биде полн со емоции и адреналин! Логично, Серџо Консесао на гостувањето кај Брага во последното коло од Примеира ги одмори клучните фудбалери за судирот в сабота, додека неговиот колега Нелсон Верисимо не менуваше ништо и со исти сили го одигра последното коло, а веројатно нема да има промени ниту на претстојното финале.

Оваа сезона Порто направи подвиг како никогаш во последните неколку години – ги совлада Бенфика и Спортинг на сите четири лигашки дуели, што ќе биде мотив плус за „змејовите“ по третпат оваа сезона да слават над најлутиот ривал од Лисабон. Последниот нивни судир донесе вистински дожд од голови, а резултатот беше 3:2. На сите четири последни натпревари беа постигнати по најмалку два гола, а на три од овие четири дуели помина типот ГГ3 +.

Веруваме дека нешто слично ќе гледаме и во доцните саботни часови. Натпревар со многу акции, веројатно и голови, па ГГ типот би требало да биде најреален. Оние најхрабрите би можеле да пробаат и со победа на Порто, во комбинација со голови.