• Саше Љолес
Шпанецот Габри Веига е ново засилување за екипата на Порто. Гигантот го доведе играчот од средниот ред од саудискиот Ал-Ахли за сума од петнаесет милиони евра.
Ал-Ахли ќе задржи десет проценти од неговата следна продажба, а 23-годишниот Веига ќе настапи веднаш, и тоа на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Договорот со младиот Шпанец е со важност до 2030 година. Порто на клупскиот Мундијал ќе игра во групата А, заедно со Палмеирас од Бразил, Ал-Ахли од Египет и Интер Мајами од САД.
ФОТО/PHOTO: FC Porto
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.