ВИДЕО: Порто носен од Андре Силва со пресврт ја победи Боависта

Фудбалерите на Порто забележаа битна победа во португалската Примеира против Боависта со 3-1 (1-0) на „Драгао“ во Порто. Сите три гола паднаа во првото полувреме и како многу често оваа сезона „змејовите“ мораа да прават пресврт.

Нуно Енрике во 5. минута ги доведе гостите во водство од 0-1, но многу брзо Андре Силва во 19. минута израмни на 1-1.

Долгата иницијатива избраниците на Нуно Еспирито Санто со гол ја крунисаа во 41. минута, кога Андре Силва од пенал го доведе домашниот тим во водство. Во вториот дел Порто имаше многу шанси за потврда на победата, па дури во финишот со голот на Алекс Телез беа поставени финалните 3-1 и крај на разочарувањата против Копенхаген и Мореирензе.