• Зоран Мишевски
Според најавите, Порто и Бенфика ќе играат во финалето на Купот на Португалија. Во натпреварот кој требаше да го потврди „О Класико“ дуелот во финалето, Порто лесно се справи со Академика де Визеу и славеше со 3-0 (1-0). Со ремито на првиот натпревар од 1-1, со вкупни 4-1 „змејовите“ на Серџо Консеисао се изборија за ново финале.
Головите за „сино-белите“ од „Драгао“ ги постигнаа Телес од пенал во првото и Зе Луис и Серџо Оливеира во второто полувреме. Порто доминираше и можеше да слави уште поубедливо.
- Извештај од натпреварот:
Финалниот натпревар се игра на „Националниот стадион“ во Лисабон на 24 мај во 18:15 часот.







