• Иван Димовски

Поргтуалскиот гигант Порто ја прекина соработката со тренерот Витор Бруно. Клубот преку социјалните мрежи ги извести фановита за оваа промена.
Бруно седна на клупата на „змејовите“ во јуни 2024 година. Тој го водеше тимот на вкупно 29 натпревари на забележа 18 победи, три нерешени и осум порази. Бруно ја презеде клупата од Серџо Консеисао, ама не ги задоволи апетитите на управата.
Порто веднаш го наследи неговиот наследник во името на Жозе Тавареш кој ќе биде привремено решение. Дебито на клупата ќе го има против Олимпијакос во Лигата на Европа в четврток.
Во моментов Порто се наоѓа на третото место во португалскиот шампионат со 40 бода.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.