Порто го врати Иван Маркано од Рома за три милиони евра

Двојниот европски првак Порто е добро познат како клуб кој ефтино купува и скапо продава. Сепак, големо изненадување е денешниот трансфер на Иван Маркано од Рома за три милиони евра. 

Имено, минатото лето Шпанецот без обештетување токму од Порто замина на „Олимпико“, но откако не се изнаигра, Португалците го вратија за минимално обештетување.

32-годишниот дефанзивец е замена за Филипе и Милитао, двајца дефанзивци кои потпишаа за мадридските клубови. Toj e шесто засилување на „змејовите“, откако претходно пристигнаа Зе Луис од Спартак Москва, Накаџима од Ал Духаил,  Дијаз од Жуниор, Лум од Брага и Саравија од Расинг Аваланеда.