Порто го пријави Касиљас за настап во Примеира

Икер Касиљас

Шпанецот Икер Касиљас изненадувачки беше пријавен за настап во новата сезона во португалска Примеира.

Голманот на Порто имаше срцев удар и поради тоа најави пауза од фудбалот. Потврди дека нема да замине во пензија, а никој не очекува да се врати на терените во наредните 12 месеци.

Здравствените проблеми за 38-годишникот ветеран започнаа на 1 мај кога неочекувано заврши во болница. Од тој момент, чуварот на мрежата на Порто е под надзор на тимските доктори.

Првиот меч од новата сезона во португалската лига Серхио Консеисао и неговите фудбалери ќе го одиграат против Жил Висенте.