• Зоран Мишевски
Порто го освои португалскиот Суперкуп, откако во минимално го совлада тимот на Торенсе со 1-0. Натпреварот донесе нов пехар во витрините на португалскиот гигант, кој ја потврди фаворитската улога пред почетокот на новата првенствена сезона во Португалија.
- Извештај од натпреварот:
Порто стана најтрофејниот клуб во својата земја. Освоениот трофеј е 88-ми во колекцијата на „змејовите“, што е за еден повеќе од ривалот Бенфика. Порто 31 пат бил првак на Португалија, а по двапати бил и европски шампион (Лига на шампиони и Куп на европски шампиони) и освојувач на Лига Европа/Куп на УЕФА.
Младиот дански фудбалер Виктор Фрохолт беше херојот на натпреварот. Голот падна во 38. минута од средбата, кога Фрохолт одлично реагираше со глава по нафрлувањето на Пепе.Торенсе, кој како второлигаш приреди вистинска сензација минатата сезона со освојувањето на националниот Куп против Спортинг, но немаше сили за уште едно изненадување.


