Порто експресно доведе замена за отпуштениот Виктор Бруно

Управата на Порто бргу пронајде решение за тренерската позиција и го доведе во своите редови Аргентинецот Мартин Анселми, кој пристигна од мексиканскиот Круз Азул. 

Деновиве отказ доби Виктор Бруно, кој не ги бележеше посакуваните резултати, а новиот тренер доаѓа со мисија да ја крене формата на тимот и ќе има деби против Олимпијакос во Лига Европа, натпревар кој е закажан за 23 јануари во 18:45 часот. 

Анселми веќе се договорил со Порто, а Круз Азул ќе добие отштета од 2,8 милиони евра за предвремениот раскин на договорот. Некогашниот европски шампион има 40 бода на табелата во португалското првенство, еден помалку од Бенфика и Спортинг. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.