Поразот во „Суперкласико“ го направи своето: Бока остана без тренер

Екипата на Бока Јуниорс остана без трофеј во Копа Либертадорес откако во реваншот од финалето загуби од лутиот ривал Ривер Плата, а сметката за неуспехот ја плати тренерот Гиљермо Барос Скелото.

45-годишниот стратег го водеше тимот од 2016 година, но по неуспехот во големото финале, управата реши да му се заблагодари. Веста ја соопшти Даниел Анхелиси, претседателот на тимот, во присуство на тренерот, на официјална прес-конференција.

Младиот аргентински тренер пред да пристигне во Бока Јуниорс ја водеше екипата на Ланус. Засега, не е познато што тој ќе прави следно, затоа што на конференцијата посочи дека заминува да има малку мир, по бурниот финален двомеч.