• Иван Димовски

Второпласираниот тим во ВМФЛ, Шкендија Арачиново во продолжението од сезоната ќе продолжи со нов тренер.
Клубот од Арачиново се раздели со тренерот Љупчо Марковски популарен како Калц. По ремито во дербито со Охрид и домашниот пораз од Скопје, клубот реши дека е време за нова енергија и промена. Според информациите, договорот е взаемно раскинат меѓу двете страни.
Шкендија Арачиново има 39 бода и се наоѓа на втората позиција во ВМФЛ, има бод помалку од Охрид, еден повеќе од Скопје и два од Брегалница.
Тимот кој лани беше третолигаш влезе во второлигашкото друштво со амбиции и за ПМФЛ, а до крајот на сезонага го очекува голема борба за исполнување на целта.









