Поразот од Јапонија го следеа само девет милиони Германци

Само 9,2 милиони Германци го следеа телевизискиот пренос од првиот натпревар на германската репрезентација на Светското првенство во Катар во средата, на кој Јапонија изненадувачки славеше со 2-1, покажуваат податоците на компанијата за мерење публика „АГФ“.

За споредба, пред четири и пол години, првиот натпревар на Германците во Русија против Мексико (пораз 1-0) привлече речиси 26 милиони гледачи. Исто така, треба да се додаде дека на тој турнир Германците ја бранеа светската титула освоена во 2014 година во Бразил.

Натпреварот во средата, во кој Јапонија победи со 2-1 по пресвртот над четирикратниот светски првак, се одигра во 14:00 часот по локално време, кога многу луѓе беа на работа. Преносот на првиот натпревар на СП 2018 беше во 17:00 часот.

Натпреварот меѓу Катар и Еквадор во неделата попладне, со кој беше отворен Мундијалот, го следеа само 6,21 милиони гледачи, додека во летото 2018 година, првиот натпревар на Светското првенство во Русија го следеа десет милиони гледачи.

Состави

Ханси Флик

4-2-3-1

    Хајиме Моријасу

    4-2-3-1