• Зоран Мишевски
„Зелено-белиот“ дел од Лисабон е во славје - Спортинг е нов шампион на Португалија. Екипата која доминираше цела сезона во Примеира слави трофеј и без да одигра натпревар.
По поразот на градскиот ривал Бенфика од Фамаликао со 2-0, екипата на Рубен Аморим и математички е првак. Бенфика остана на второто место на табелата, со осум бода помалку од Спортинг на два натпревари до крајот на шампионатот.
- Фамаликао - Бенфика 2-0:
Спортинг во саботата го победи Портимоненсе со 3-0 и ја најави дваесеттата шампионска титула, прва од сезоната 2020/21.
- Спортинг - Портимонензе 3-0:
„Зелено-белите“ од септември ќе играат во Лигата на шампионите, но неизвесно е дали на клупата ќе остане Аморим, за кого се заинтересирани најдобрите европски клубови.