„Поразот многу боли, ова е големо разочарување за Леверкузен“

Фудбалерите на Баер Леверкузен го доживеаја првиот пораз на официјален натпревар од 27 мај минатата година. „Фармацевтите“ првпат беа поразени по 51 официјален натпревар. Во финалето на Лига Европа загубија од Аталанта со 3-0.

Тага и разочарување ги облеа фудбалерите на Чаби Алонсо по поразот во Даблин. 

„Ова е големо разочарување. Кога ќе стигнете овде, сакате поинаков резултат. Сепак, мораме да продолжиме понатаму. Нè очекува уште еден важен натпревар, уште едно големо финале. Поразот многу боли и го чувствуваме. но од утре продолжуваме понатаму“, изјави капитенот на Баер Џонатан Тах.

Екипата на Леверкузен сосема заслужено беше надиграна од Аталанта. Тимот од Бергамо беше подобар ривал од првата до последната минута, признава Тах.

„Тие апсолутно заслужија да победат. Не се пронајдовме во нашата игра. Беа поагресивни во дуелите, ни оставија многу малку простор и затоа заслужија да победат“, заврши капитенот.

Избраниците на Чаби Алонсо не успеаја да ја завршат сезоната без пораз, но сепак имаат за што да се борат. Овие фудбалери пред неколку дена за првпат во историјата ја прославија титулата шампион на Германија, а в сабота ќе го играат финалето на германскиот Куп против Кајзерслаутерн во Берлин.

Состави

Џанпјеро Гасперини

3-4-3

    Чаби Алонсо

    3-4-2-1