• Саше Љолес
Македонската репрезентација до 19 години забележа пораз на отворањето на првата фаза од квалификациите за Европското првенство, откако беше поразена со минимални 0-1 од селекцијата на Белгија.
Нашите фудбалски надежи одиграа храбар меч против фаворитот, но потклекнаа во 72. минута, кога напаѓачот на Клуб Бриж, Јанис Мусуаи, го постави конечниот резултат.
Македонија настапи во состав: Илоски, Стојановски, Атанасовски, Аслани, Радевски, Саботиќ, Киш, Андоновски, Ристов, Љатифи и Бранковски.
Следен предизвик за У19 тимот ќе биде натпреварот против Португалија на 15 ноември, а три дена подоцна се среќаваме со репрезентацијата на Естонија.


