ВИДЕО: Пораз за старт на подготовките, Хибернијан го посрамоти Арсенал

Англискиот фудбалски гигант, Арсенал, со шокантен пораз ги стартуваше подготовките за новата сезона во Премиер лигата. „Топџиите“ со бројни првотимци во стартниот состав не успеа да го совлада тимот на Хибернијан и загуби со минимални 2-1 (1-0).

Обамејанг, Вилијан, Н'кети и Нелсон беа адутите на Микел Артета на овој натпревар, но шкотскиот прволигаш одигра одлични 90 минути и заслужно го изненади големиот фаворит. 

Резултатот го отвори Бојл во 21. минута, откако ја казни грешката на голманот на Арсенал, Оквонко, додека на стартот од вториот дел Мекеј зголеми на 2-0. Во продолжение лондончани имаа иницијатива и Пепе промаши удар од 11 метри, а неговата грешка ја поправи младиот Смит Роу за конечни 2-1.

Следен „тест“ на Арсенал во подготвителниот период е шкотскиот шампион Глазгов Ренџерс, натпревар кој е закажан за на 17 јуни.