Пораз за Охрид во контролката против Новаци

Екипата на Охрид одигра нов контролен натпревар во рамките на зимските подготовки и денес се сретна со Новаци, забележувајќи пораз со конечни 1-2. 

Новаци се покажа како подобар ривал на овој натпревар, а стрелец на единствениот гол за охриѓани беше Наумче Бакрачески

Охрид ја заврши првата етапа од сезоната во ВМФЛ со вкупно 24 бода и застана на седмата позиција на табелата, а прв предизвик во пролетниот дел ќе биде дуелот против Македонија ЃП, кој е закажан за петнаесетти февруари.