Пораз за нашите девојки, Македонија повторно шокирана од Летонија

Женската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Летонија во вториот натпревар од сегментот Ц во Лигата на нации и загуби со конечни 1-2 (1-1). 

Нашите девојки беа во негатива по само две минути игра откако прецизно биеше Карлина Миксоне, но израмнија во 31. минута со погодокот на Улза Максути. 

Во второто полувреме се боревме да дојдеме до водство, имавме 2-3 солидни прилики за гол, но сепак, гостите беа тие што вторпат ја тресеа мрежата. Летонката Миксоне имаше свој ден и уште еднаш погоди за 1-2 во 81. минута, резултат кој на крајот се покажа и како конечен на мечот. 

За македонската репрезентација ова е втор пораз во исто толку натпревари, откако претходно доживеавме пораз од соодветната селекција на Косово. Летонките повторно се покажаа како незгоден ривал за нашите фудбалерки кои загубија од истиот ривал и во квалификациите за Европското првенство.