Јаховиќ и Анталијаспор во финишот освоија бод во последното коло со Галатасарај

Јаховиќ

Анталијаспор и Галатасарај го поделија пленот и одиграа реми од 2-2 во рамки од 36. коло на турскиот шампионат. Гостите останаа покуси од место во квалификации за Лига Европа и покрај денешниот бод. 

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ одигра цел меч, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Неговата екипа поведе во 19. минута, кога Фреди со одличен удар круниса одлична акција по левата страна на Албајрак.

По една грешка на одбраната на Анталијаспор, Сарачи искористи една шанса од „мртов агол“. Тоа беше доволно за да ги мотивира гостинските фудбалери да тргнат уште поофанзивно во потрага по пресврт.

Се играше 65. минута кога Белханда искористи најстрога казна. Судијата немаше избор по играта со рака на Амилтон во сопствениот шеснаесетник и покажа на белата точка. Во судиското надополнување од средбата Анталијаспор се спаси од пораз, кога во 92. минута погоди Бланко по голема мешаница и серија шанси пред противничкиот гол. 

Тимот на Јаховиќ ја заврши сезоната на осмата позиција со 45 освоени бода. Голгетерот ја освои третата позиција на листата на стрелци со 17 постигнати погодоци.