Пораз на дебито на Станиќ, Македонија У21 загуби на првиот тест во Анталија

Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе пораз од соодветната селекција на Белорусија (3-1) на тестот во Анталија. 

На овој натпревар свое селекторско деби имаше Горан Станиќ кој не успеа да ја поведе нашата селекција до позитивен резултат. Подновената и измената генерација на У21 тимот претрпе пораз на првиот пријателски натпревар во Турција

Македонија: Љ. Џеков, Марковски, Хамидовиќ, Ѓ. Џеков, Велков, Трајков, Ангелов, Зенделовски, Манојлов, Ѓорѓиевски, Величковски.

Ривалот поведе со 3-0 со погодоците на Дубинец, Французов и Цепенков до 69. минута. Единствениот погодок за Македонија го постигна Кире Стојанов во 82. минута, за ублажување на поразот на нашата селекција. 

Македонија У21 ќе одигра уште еден пријателски натпревар во Анталија, против селекцијата на Азербејџан во вторник во 18:00 часот.